Цементарница УСЈЕ – член на Клуб на одговорни бизниси

09.2.2017

Претставници на педесетина домашни компании меѓу кои и Цементарница УСЈЕ со докажано општествено одговорно делување ja поддржаа иницијативата за формирање на првиот Клуб на одговорни бизниси во земјава. Клубот ќе претставува нова уникатна платформа за здружување на иницијативите, идеите и ресурсите на компаниите за реализација на поголеми и посложени проекти, кои ќе имаат значајни ефекти врз животот на луѓето, просперитетот на заедниците и одржливиот развој на општеството. Основач на Клубот на одговорни бизниси е „Конект“ – организација со главна мисија и големо искуство во поттикнување и промовирање на општествената одговорност, која воедно ќе се грижи за неговото успешно функционирање. Работата на клубот стратешки ќе ја насочува одбор составен од врвни менаџери на некои од најуспешните македонски компании, кои и досега имаат големо искуство и значајни активности во областа на општествената одговорност. Дополнителна гаранција за тоа дека во функционирањето на клубот ќе бидат применети најдобрите европски практики во оваа област е фактот што иницијативата за неговото формирање се реализира во рамки на проектот „Граѓанското општество посилно со бизнисот и граѓаните“, финансиран од Европската унија.