На 22. април во просториите на Американската Стопанска Комора во Република Македонија се одржа презентација на која Анита Стојковска, Референт за општествена одговорност во Цементарница УСЈЕ го претстави пристапот што Цементарница УСЈЕ го применува при известување за целиот спектар на нефинаниски теми кои се бараат согласно Глобалниот договор на Обединетите Нации. Таа исто така го сподели своето знаење и нивните практики и активности кои следуваат како одговор на глобалните трендови и предизвици од областа на општествената одгворност. Овој настан беше од големо значење за сите компании без разлика на нивната големина, и меѓу учесниците се водеше жива дискусија за примената на Глобалниот Договор и алатките за самооценување. Овој настан ги зголеми знаењата и искуството на сите учесници.