Како членка на Групацијата ТИТАН, Цементарница УСЈЕ ги има воспоставено следниве соработки и заложби:
Групацијата ТИТАН е меѓу првите 500 потписнички на Глобалниот договор на ОН. Групацијата се приклучи кон Глобалниот договор во 2002 година. Цементарница УСЈЕ стана потписник на Глобалниот договор на ОН во 2008 година.
Целосно ги поддржуваме и работиме на постигнување на дефинираните цели за одржлив развој на ОН до 2030 година.
Групацијата ТИТАН од 2004 година е член на ООП Европа.
Како член на Групацијата ТИТАН, Цементарница УСЈЕ од 2018 година е дел од глобалното здружение за цемент и бетон и со тоа активно се вклучи во реализација на активностите на Иницијативата за одржливост на цемент на Светскиот бизнис-совет за одржлив развој.