Одржливост
Создавање вредност за сите
Ние веруваме дека одржливоста на компанијата не е возможна доколку не се посвети внимание на општествените и на еколошките аспекти. Ги користиме нашите уникатни предности, ресурси и релации за да создадеме одржлива вредност во секоја фаза на нашето работење. Притоа, не се фокусираме само на она што го правиме, туку и како го правиме тоа, трудејќи се да дадеме значаен и одржлив придонес за сите засегнати страни.Основните активности на Цементарница УСЈЕ се ископување суровини и нивна трансформација во градежни производи, како и трансфер на знаење и стручност преку соработка со купувачите, деловните партнери, локалните заедници и академската заедница.
Главните суровини што ги употребуваме во процесот на производство се: лапорец, варовник, гипс, минерални агрегати, енергија и вода. Преку употребата на алтернативни горива и суровини се обидуваме да обезбедиме дополнителни придобивки за животната средина, преку зачувување на природните ресурси и минимизирање на нашите емисии во атмосферата.
Нашите производи и услуги се користат во различни активности почнувајќи од големи инфраструктурни проекти (патишта, аеродроми, болници, училишта итн.) до објекти за домување, комерцијални објекти и социјални проекти. Активно промовираме нови производи, кои ќе ги подобрат квалитетот, безбедноста, отпорноста и трајноста на објектите, како и методи и материјали што ќе ја олеснат градежната активност или ќе придонесат кон намалување на влијанието врз животната средина.
Трајно сме посветени на обезбедување безбедна и здрава средина за нашите вработени и го поттикнуваме нивното континуирано учење. Покрај тоа, се фокусираме на обезбедување вредност за општеството преку нашата заложба за поддршка на одржливиот развој на локалните заедниците.