Синџирот на набавки на Цементарница УСЈЕ се состои од различни деловни партнери што обезбедуваат услуги (како изведувачи) и производи (како добавувачи).
Цементарница УСЈЕ е посветена на градење силни и трајни односи со клиентите и добавувачите врз основа на доверба и заемни придобивки. Активно бараме деловни партнери што ја делат нашата посветеност кон принципите на Глобалниот договор на Обединетите нации.
Соработуваме главно го локални изведувачи и добавувачи, што придонесува за заедницата во која работиме, преку создавање можности за развој на локалниот бизнис што ќе ја зајакне стабилноста на постојните и отворање нови работни места.
Нашиот Прирачник за набавки и Кодексот на однесување вклучуваат одредби против поткуп и етички постапки во набавките, кои нашите вработени доследно ги почитуваат. Договорите со нашите добавувачи и изведувачи вклучуваат клаузули поврзани со обврската на изведувачите да ги почитуваат здравствените и безбедносните, работните и човековите права и стандардите и прописите за животната средина, за што потпишуваат соодветна согласност (Декларација).
Општите прописи и услови што треба да ги исполнуваат и да ги почитуваат сите наши изведувачи и добавувачи, можат да се прочитаат тука.