Заштитата на животната средина е клучот за нашиот одржлив бизнис-модел.
Раководејќи се од нашата трајна определба за ублажување на ефектите од работењето врз животната средина, секогаш се трудиме да ги направиме нашите операции колку што е можно поефикасни и да обезбедиме постојано подобрување во областите какви што се: употребата на вода и енергија, заштитата на локалната биолошка разновидност, управувањето со отпад, намалување на бучавата и намалувањето на емисиите на гасови во воздухот. Со сите наши активности што ги спроведуваме во континуитет во овие области се стремиме да бидеме препознаени како една од водечките компании во поглед на одржливоста и грижата за животната средина.
Цементарница УСЈЕ е првата компанија во земјата, која во целост ги спроведе планираните активностите од Оперативниот план од А- Дозволата за усогласување со оперативен план издадена во 2011 година од Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП).
Дополнително, имаме воспоставено Систем за управување со животната средина што ни овозможува постојано да ги следиме влијанијата врз животната средина и навремено да ги планираме и да ги имплементираме најефикасните мерки за нејзина заштита, во согласност со барањата од меѓународниот стандард ISO 14001:2015. Системот ги опфаќа сите еколошки прашања во врска со производството на цемент и работата на нашите површински копови и редовно се ажурира и се усогласува со најновите стандарди, препораки и најдобри практики во оваа област.
Во согласност со нашиот пристап и определба за општествено одговорно дејствување, како и политиките на Групацијата ТИТАН кои гарантираат сигурно и транспарентно управување со животната средина во согласност со највисоките меѓународни стандарди, Цементарница УСЈЕ постојано се стреми да обезбеди ефикасен одговор на сите еколошки предизвици поврзани со емисиите на гасови во воздухот, зачувување на природните ресурси и биодиверзитетот, заштеда на енергија и вода, намалување на бучавата и влијанието врз климатските промени. Притоа, преку постојан мониторинг, постапување, известување и соработка со сите засегнати страни, се обидуваме да постигнеме постојан напредок во начинот на кој ги третираме различните аспекти поврзани со животната средина.