Во процесот на производство на цемент главни извори на емисии во воздухот се: прашина, азотни оксиди (NOx) и сулфурни оксиди (SOX).
Цементарница УСЈЕ постојано инвестира во најдобрите достапни техники и нови технологии за контрола и намалување на емисиите во воздухот. Такви се: вреќестите филтри со постојана работа, затворениот систем за складирање и полнење на готов производ, системот за селективно некаталитичко намалување на NOx, новите горилници со ниско ниво на NOx, онлајн анализатори, опрема за контрола на квалитетот и автоматските семплери. Со цел да се контролира дифузната прашина, преземаме и дополнителни активности какви што се: прскање на патиштата и суровините со вода, , изградба на насипи и засадување дрва.
Благодарение на интензивните и континуирани вложувања, како и мерките што се преземаат, сите емисии во воздухот од Цементарница УСЈЕ се под максималните дозволени вредности одредени со националното законодавство и регулативата на ЕУ во доменот на заштитата на животната средина.