Азотни оксиди - NOx

Процесот на согорување на горивата на високи температури во печките за производството на цемент е причина за појава на емисии на азотни оксиди (NOx) во воздухот.

Благодарение на употребата на различни видови горива и примената на иновативни технолошки методи како селективна некаталитичка редукција на азотни оксиди (NOx), Цементарница УСЈЕ успеа трајно да ги намали емисиите на азотни оксиди, кои почнувајќи од 2014 година се далеку под максимално дозволената граница од 800 mg/Nm³, дефинирана со националното законодавство.

Овде можете да ги најдете податоците за просечните месечни вредности на емисии на NOx во тековната 2023 и во изминатата 2022 година кои се значајно под дозволената вредност од 800 mg/Nm³:

2024

2023

На графиконот подолу е прикажан историскиот преглед на просечните годишни емисии на NOx, од 2007 година и заклучно со изминатата година.