Присуството на сулфур во суровините и во горивата што се користат за производство на цемент се главната причина за емисиите на SОx во воздухот. Најголем дел од сулфатите што се генерираат при согорување на горивата, во текот на технолошкиот процес остануваат во клинкерот и не се испуштаат во атмосферата.
Поради природата на технолошкиот процес и континуираните напори и вложувањата во современи технолошки решенија, емисиите на сулфур диоксид во Цементарница УСЈЕ се значително пониски од максимално дозволената граница, утврдена со важечките законски прописи во земјата и регулативата на ЕУ.
Овде можете да ги погледнете просечните месечни вредности на емисии на SOx во тековната 2023 и во изминатата 2022 година кои се значајно под дозволената вредност за SOx од 400 mg/Nm³: