Паралелно со вложувањата во современи технологии за контрола и намалување на емисиите во воздухот, компанијата инвестираше во воспоставување систем за мониторинг што ни овозможува да вршиме континуирани мерења на емисиите во воздухот од стационарните извори, и соодветно на резултатите од тие мерења да преземаме мерки за нивно намалување.
Ваквиот систем за мерење обезбедува редовни и точни информации за сите заинтересирани страни. Известувањето од спроведените мерења, Цементарница УСЈЕ го врши во согласност со законски пропишаните Упатства за следење и известување за емисии.
Од податоците од измерените емисии, системот самостојно пресметува получасовни и среднодневни емисии, од кои се креираат дневни, неделни и месечни извештаи. Дневните податоци од системот за автоматско следење редовно се доставуваат до Министерството за животна средина и просторно планирање, а на наша иницијатива резултатите од мониторингот, покрај на оваа веб-страница, се доставуваат и до медиумите и до другите заинтересирани страни.