Цементарница УСЈЕ се наоѓа во комбинирана индустриска и станбена зона, опкружена со улици со густ сообраќај. Затоа, тешко е да се направи разлика помеѓу бучавата од активностите во рамките на Цементарница УСЈЕ и надворешни активности (сообраќај и други индустриски активности).
Измерената бучава во точките за следење во периметарот на фабриката и рудниците (каменоломите), не ги надминува дозволените граници пропишани во регулативата од оваа област.
Во 2013 година, Цементарница УСЈЕ, во соработка со Факултетот за природни науки во Штип, спроведе Студијата за контрола со Акционен план за минимизирање на бучавата во околината на фабриката во Скопје. Спроведувањето на активностите од овој план се одвиваше во периодот од 2013 до 2019 година, при што фокусот беше ставен на поставување придушувачи и акустични панели на опремата што е потенцијален извор на бучава.