ПОСВЕТЕНИ НА БЕЗБЕДНО И ЗДРАВО РАБОТНО МЕСТО
Како дел од Групацијата ТИТАН ги применуваме најдобрите практики во делот на безбедноста и
здравјето при работа. Применувајќи ги најсовремени практики во сите наши активности,
креираме високи стандарди од оваа област за нашите вработени, добавувачи, изведувачи и за
сите наши соработници. Се стремиме и нашите соработници да ги усвојат нашите практики од
областа на здравје и безбедност при работа во нивните секојдневни активности.
Разбираме дека успешниот менаџмент на здравје и безбедност подразбира интегрирање цврсти
принципи и практики во секојдневното управување и дека добрите резултати се постигнуваат преку
заеднички напори на сите вработени. Пристапот на УСЈЕ во намалувањето на несреќите на
работното место е постојан заеднички напор на целокупниот менаџмент и на сите вработени.
Крајната цел на сите напори на УСЈЕ е да се постигне безбедна и здрава работна средина и изведба
со „нула несреќи“ во нашата целокупна работа.
СИСТЕМАТСКИ ПРИСТАП КОН ЗДРАВЈЕТО И БЕЗБЕДНОСТА
Применуваме систематски пристап кон здравјето и безбедноста за да постигнеме постојано
подобрување на изведбата.
ОБУКИ ЗА БЕЗБЕДНОСТА И ЗДРАВЈЕТО
Работиме на развивање на самосвеста кај вработените и промовираме култура на безбедност и здравје при работа. Реализираме воведна обука за безбедност и здравје при работа за сите нововработени, соработници, изведувачи и посетители, а нашите вработени поминуваат низ обуки за различни аспекти на безбедноста и здравјето при работа. Спроведуваме интерни кампањи што ја промовираат важноста на оваа проблематика и ја наградуваме посветеноста на вработените во областа на безбедност и здравје при работа. Имаме развиен систем на пријавување, истрага и анализа на инциденти, а спроведуваме и редовни годишни интерни и екстерни безбедносни ревизии, кои се вршат од обучени ревизори.
СИСТЕМ НА ЕВАЛУАЦИЈА НА ПОДИЗВЕДУВАЧИТЕ
Практикуваме систем на евалуација на подизведувачите од аспект на безбедност и здравје при работа и ги поттикнуваме сите наши соработници да постават повисоки стандарди во оваа област и добрите практики да ги споделат понатаму.
ЦЕНТРАЛЕН КОМИТЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ
Посветеноста кон оваа тема е манифестирана и преку функционирањето на Централниот комитет за безбедност и здравје како највисок орган за управување со безбедност и здравје при работа во Цементарница УСЈЕ. Комитетот го сочинуваат главниот извршен директор, техничкиот директор, менаџерот за безбедност и здравје, сите технички менаџери, претседателот на синдикатот и претставниците на вработените за безбедност и здравје при работа. Тој дава стратегиски и тактички упатства како и иницијативи за подобрување, унапредување на системот и целосно имплементирање на политиката за безбедност и здравје на Групацијата.
СИСТЕМ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА ISO 45001
Ги следиме специфичните групациски упатства и насоки за безбедност при работа, а го имаме воведено и системот за управување со безбедност и здравје при работа OHSAS 18001. Поставуваме годишни таргети за безбедност и здравје при работа и ги следиме индикаторите.