Наша цел е да дадеме позитивен придонес кон одржливиот развој на заедницата. Преку реализација на различни активности, какви што се оние што придонесуваат за заштита на животната средина или за развивање можности за вработување, особено на младите, како и преку спроведување проекти во различни општествени области, какви што се образованието, здравството, безбедноста и развојот на локалната инфраструктура, сакаме да оствариме позитивно влијание врз луѓето, врз нашите соседи, но и врз пошироката заедница на која ѝ припаѓаме и нè опкружува.
Од 2009 година, во нашата компанија функционира Одбор за општествена одговорност на Цементарница УСЈЕ, кој е надлежен за интегрирање и спроведување на стратегијата за општествена одговорност. Со него претседава главниот извршен директор и се состои од членовите на раководниот тим и менаџерите за безбедност и здравје, за животна средина и човечки ресурси. Одборот за ОО се состанува четири до шест пати годишно, а во некои случаи и месечно, за да ги разгледа и да ги оцени акциските планови и постигнувањата, како и да иницира понатамошни подобрувања.
Во продолжение се претставени неколку општествено одговорни проекти, кои беа реализирани во изминатите неколку години.