Крајната цел на воспоставениот и одржуваниот Интегриран Систем во Цементарница УСЈЕ, е да се применуваат начелата на Политиката за квалитет, која е рамка за воспоставување и прегледување на дефинираните цели за квалитет, водејќи при тоа сметка за одредениот контекст на организацијата.
За да се одржува и развива овој систем, потребно е демонстрирање на визија, стратегија и мисија, насочени кон:
- Процесно управување на бизнис активностите и ресурсите потребни за истите.
- Утврдување, разбирање и раководење на меѓусебно поврзаните процеси како една целина, демонстрирајќи го при тоа воспоставениот процесен пристап.
- Користење на Интегрираниот Систем за управување со квалитет како основа за постојано подобрување на работењето во организацијата и зајакнување на компетентноста на вработените во истата.
- Подобрување на квалитетот на производите и намалување на трошоците за производство со користење на напредна технологија, проектирање и развој.
- Одржување на угледот на компанијата, преку производство и производи со висок квалитет, усогласени со условите и барањата на релевантните стандарди, како и важечката регулатива.
- Задоволување на потребите на заинтересираните страни преку ефикасна комуникација и известување во врска со нивните барања и рекламации.
- Опфаќање на сите фактори кои придонесуваат за активностите на компанијата (вработените, опремата, работното опкружување, набавените производи и услуги), како и сите нејзини заинтересирани страни, со цел да се воспостави меѓусебна поврзаност во корист на сите.
- Целосно применување на Интегрираниот Систем со документирана анализа на податоци и информации, така што за сите активности во компанијата ќе се демонстрира лесна следливост од страна на раководниот тим.
- Постојано подобрување и усовршување на ефикасноста на нашата организација, процедурите и методите во сите области кои се вклучени во Интегрираниот Систем, преку ефективна анализа на ризиците и можностите во истите.
- Раководниот тим има целосна одговорност континуирано да ги спроведува Политиката за квалитет и одлуките за унапредување на Интегрираниот Систем согласно меѓународниот стандард ISO 9001:2015.
Главен извршен директор
Цементарница "УСЈЕ" АД – Скопје