Политика за приватност

Политика за приватност

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРИВАТНОСТ И ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА ПОСЕТИТЕЛИТЕ НА ВЕБ-СТРАНИЦАТА

Оваа Политика за приватност е изработена во согласност со Законот за заштита на лични податоци („Службен весник на Република Македонија“ бр. 7/2005 со сите измени и дополнувања) и подзаконските акти. Ви препорачуваме внимателно да го прочитате ова известување, со цел правилно да се информирате за обработката на вашите лични податоци кога ја посетувате нашата веб-страница. Го задржуваме дискреционото право во секое време да го измениме ова известување. Сите измени ќе бидат објавени на нашата веб-страница. Ве молиме редовно проверувајте го ова известување за да бидете информирани за какви било измени.

  1. КОНТРОЛОР НА ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Цементарница УСЈЕ АД Скопје (во понатамошниот текст: Компанијата, Контролорот, ние, нашето), компанија основана во Република Северна Македонија, со седиште на ул. „Борис Трајковски“ бр. 94, 1000 Скопје, Република Северна Македонија, е Контролор на личните податоци што се прибираат и се чуваат кога ја посетувате нашата веб-страница За сите прашања поврзани со обработката на вашите лични податоци, вклучително и за остварувањето на вашите права, можете да го контактирате офицерот за заштита на лични податоци на следната електронска адреса: violetam@usje.mk.

  1. КАТЕГОРИИ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ, ЦЕЛ И ПРАВНА ОСНОВА ЗА ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ И ПЕРИОД НА ЧУВАЊЕ

Кога ја посетувате нашата веб-страница, а во зависност од користењето, Компанијата собира и обработува лични податоци. Оттука:

  • Кога ја посетувате нашата веб-страница, ја собираме и ја обработуваме вашата IP-адреса и Вашата активност на веб-страницата. Целта на обработката на овие лични податоци е да се следи употребата на веб-страницата за да се подобри и да се заштити. Правната основа за обработка на овие лични податоци е нашиот легитимен интерес да го заштитиме непреченото работење на нашата веб-страница и да го оптимизираме нејзиното функционирање и управување. Овие лични податоци ќе ги чуваме во период од 6 месеци од денот на вашата последна посета на нашата веб-страница.
  • Кога контактирате со нас преку формулар поставен на веб-страницата или преку електронска пошта, ги собираме следните лични податоци: име и презиме, земја на потекло, вашата електронска адреса, компанијата што ја претставувате/застапувате и вашата позиција, како и секоја друга информација што ќе ја внесете во формуларот или во електронската порака. Целта на обработката на овие лични податоци е да се одговори на вашето барање, прашање или коментар, како и да се обезбеди поддршка за нашите акционери и инвеститори. Правната основа за обработка на овие лични податоци е (i) нашиот легитимен интерес за спроведување активности преку нашата веб-страница на најдобар можен начин и да ги поддржиме нашите посетители, инвеститори и акционери и (ii) законската обврска да се придржуваме кон законодавството за пазарот на капитал, доколку е потребно. Овие податоци ќе ги чуваме во период од 6 месеци од денот на поднесувањето на формуларот или од денот на испраќањето на електронската порака, а потоа ќе ги избришеме.
  • Кога ни ја испраќате вашата биографија преку веб-страницата, ги собираме и ги обработуваме личните податоци што ќе ги наведете во вашата биографија. За повеќе информации, ве молиме посетете го следното известување.

Дел од вашите лични податоци се собираат преку колачиња и други слични техники. Погледнете ја нашата Политика за колачиња за повеќе информации.

Вашите лични податоци не подлежат на автоматизирано одлучување, ниту на профилирање. Вие немате законска или договорна обврска да ги доставувате вашите лични податоци до нас, но доколку не го направите тоа, ние нема да можеме да одговориме на вашето барање, ниту да ја земеме предвид вашата биографија.

  1. ВАШИТЕ ПРАВА

Како субјект на лични податоци што се собираат и обработуваат од Компанијата, а во согласност со законската регулатива и подзаконските акти, ги имате следните права:

а) Да побарате од Контролорот да ве информира: дали се врши обработка на вашите лични податоци; за целите и правната основа на обработката на личните податоци и корисниците или категориите на корисници на кои им се откриваат личните податоци; за личните податоци во врска со субјектот на лични податоци и изворот на податоци и за логиката на автоматизирана обработка, во случај на одлука донесена врз автоматска обработка, која има влијание врз субјектот на лични податоци. Контролорот е должен да ви одговори во рок од 15 дена од приемот на барањето. Доколку веќе сте добиле одговор на вакво барање, ние немаме обврска повторно да одговориме на исто или слично барање, ако во меѓувреме нема промени во вашите лични податоци, освен ако изминале 6 месеци од денот на доставувањето на претходното барање до новото барање.

б) Да побарате од Контролорот да ги дополни, измени, избрише или да го сопре користењето на личните податоци, ако податоците се нецелосни, неточни или неажурирани или доколку нивната обработка не е во согласност со применливото законодавство. По исклучок, кога ќе утврдиме дека личните податоци се нецелосни, неточни или неажурирани, должни сме да ги дополниме, да ги измениме или да ги избришеме, независно од тоа дали сте поднеле барање за дополнување или за изменување на личните податоци.

в) Да побарате од Контролорот запирање на обработката на вашите лични податоци, во согласност со применливото законодавство.

Вашите права како субјект на лични податоци можат да бидат ограничени во посебни случаи утврдени со закон.

Гореспоменатите права можете да ги остварите со праќање соодветно барање на следната електронска адреса: violetam@usje.mk. Во ваков случај, од вас можеме да побараме дополнителни информации за утврдување на вашиот идентитет. Доколку не сте задоволни од добиениот одговор по вашето барање, можете да поднесете поплака во Дирекцијата за заштита на лични податоци (www.dzlp.mk).

  1. КОРИСНИЦИ И ПРЕНОС НА ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Вашите лични податоци се обработуваат од вработените во Компанијата, според работните обврски и активности. Компанијата може да ги пренесува личните податоци во други држави во согласност со закон. Дополнително, личните податоци можат да бидат дадени на користење на:

  • даватели на услуги што се однесуваат на работењето, одржувањето и техничката поддршка на нашата веб-страница, во согласност со закон, и
  • органи и тела на државната власт, врз основа на писмено барање, а според законските обврски, за извршување работи во рамките на законски утврдени надлежности.

Горенаведените корисници добиваат само податоци што се неопходни за остварување на соодветните цели. Корисниците се обврзани целосно да ги почитуваат применливите закони и подзаконски акти што се однесуваат на заштитата на личните податоци.

При пренос на лични податоци во други држави, преносот може да се прави во земји членки на Европската Унија и на Европскиот економски простор (ЕЕП) или во други делови од светот. При преносот на лични податоци, обезбедуваме соодветно ниво на заштита на пренесените податоци. Вашите лични податоци ќе бидат пренесени врз основа на закон.

Во секој случај, вработените, деловните партнери или корисниците, кои би можеле да имаат пристап до вашите лични податоци, имаат договорна и/или законска обврска да ги преземат сите соодветни технички и организациски мерки за заштита на доверливоста и безбедноста на вашите лични податоци.

  1. ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Компанијата ги спроведува сите соодветни технички и организациски мерки, заради безбедност на вашите лични податоци, доверливост при обработката и заштита од случајно или незаконско уништување, губење, изменување, неовластено откривање или пристап и која било друга неовластена обработка. Сепак, Компанијата не може да гарантира безбедност на податоците пренесени до нашата веб-страница, бидејќи преносот на информации преку интернет никогаш не може да биде целосно безбеден.

Нашата веб-страница може да содржи линкови до други веб-страници. Компанијата не е одговорна за политиките за заштита на лични податоци, содржината и безбедноста на други веб-страници што не се регулирани со ова известување за заштита на лични податоци. Од тие причини, ве советуваме внимателно да ги прочитате известувањата за заштита на лични податоци на тие веб-страници.