Ова известување за приватност, согласно со Законот за заштита на лични податоци („Службен весник на Република Македонија“ бр. 7/2005 со сите измени и дополнувања) и подзаконските акти, ве информира за собирањето и обработката на вашите лични податоци кога ни испраќате апликација за работа во Цементарница УСЈЕ АД Скопје (во понатамошниот текст: Компанијата), преку веб-страницата . Ова известување подлежи на промени. Ве молиме редовно проверувајте го ова известување за да бидете информирани за какви било измени.
- Кој е контролор на вашите лични податоци?
Контролор на вашите лични податоци е Цементарница УСЈЕ АД Скопје, со седиште на ул. „Борис Трајковски“ бр. 94, 1000 Скопје, Република Северна Мaкедонија. За сите прашања што се однесуваат на обработката на вашите лични податоци, можете да го контактирате офицерот за заштита на лични податоци на следната електронска адреса: violetam@usje.mk.
- Какви лични податоци собираме и обработуваме?
Ние ги собираме и ги обработуваме оние лични податоци што вие ги испраќате до Компанијата при испраќање апликација за работа. Лични податоци што се собираат и обработуваат од Компанијата се: име и презиме, адреса на живеење, податоци за контакт, податоци за образование и претходно работно искуство, интереси, амбиции и очекувања, како и други релевантни податоци, кои вообичаено се содржани во кратки биографии и во дополнителни документи при аплицирање.
- Кои извори ги користиме при собирање на вашите лични податоци?
Личните податоци ги собираме директно од вас.
- За кои цели ги обработуваме вашите лични податоци?
Вашите лични податоци ќе се обработуваат исклучиво за целите на оценување на можноста за вработување во Компанијата. Поточно, ќе ги оценуваме вашите вештини, квалификации, образование и професионално искуство, како други релевантни информации што би ни ги доставиле. Вашите податоци за контакт ќе ги искористиме за да побараме од вас дополнителни информации или појаснувања, за да закажеме интервју, за да ве известиме за статусот на вашата апликација за вработување и за да ве информираме за вашите можности за кариера во Компанијата. Дополнително, вашите лични податоци ќе бидат обработени кога Компанијата треба да се придржува кон своите законски обврски (на пример, известување до надлежни органи) или заради остварување на легитимните интереси (на пример, воспоставување, остварување или заштита на своите законски права). Вашите лични податоци нема да бидат предмет на автоматизирано одлучување или профилирање.
- Која е правната основа за обработка на лични податоци?
Правната основа за обработка на вашите лични податоци е вашата согласност. Давањето лични податоци е доброволно, но неопходно за целите наведени во точка 4 од ова известување. Недавањето податоци и соодветната согласност за обработка, ќе го спречат понатамошното разгледување на вашата апликација за вработување. Имате право во секое време да поднесете барање за пристап и исправка на лични податоци до офицерот за заштита на лични податоци на следната електронска адреса: violetam@usje.mk. Со ова барање, вие можете да побарате од Компанијата да го сопре користењето на вашите лични податоци. Сопирањето на обработката на личните податоци на никаков начин нема да влијае врз законитоста на која било претходна обработка и не ја спречува Компанијата да ги обработува вашите лични податоци според друга правна основа, како на пример: усогласеност со законските обврски и/или остварување на легитимните интереси опишани во точка 4 од ова известување.
- Кој може да биде примач на вашите лични податоци?
Вашите лични податоци ќе бидат обработувани од овластени лица за обработка на лични податоци, вработени во Компанијата, од Секторот за човечки ресурси и/или други сектори/служби кои се вклучени во процесот на селекција на кандидатите за вработување.
Покрај тоа, доколку е потребно и/или неопходно за остварување на гореспоменатите цели, вашите лични податоци ќе бидат обработувани од даватели на услуги, кои се однесуваат на регрутирање или на ИТ-поддршка, кои ќе постапуваат во својство на обработувачи на лични податоци во име и за сметка на Компанијата, според склучени договори, кои задолжително содржат клаузули за строго доверливи информации и заштита на лични податоци.
- Како ќе бидат заштитени вашите лични податоци?
Компанијата ги спроведува сите соодветни технички и организациски мерки за обезбедување заштита на вашите лични податоци. За повеќе информации во врска со овие мерки, ве молиме прочитајте ја Политиката за приватност на следниот линк.
- Колку долго ќе ги чуваме вашите лични податоци?
Вашите лични податоци ќе бидат чувани онолку време колку што е потребно за да се оцени вашето конкурирање за вработување, но во никој случај не подолго од 6 месеци од денот на приемот на вашата кратка биографија, освен доколку со закон е пропишан подолг рок за чување. По истекот рокот за чување, вашите лични податоци ќе бидат избришани односно податоците што се собрани и обработувани во хартиена или во електронска форма ќе бидат уништени. Во случај на евентуален спор, Компанијата ќе ги чува вашите лични податоци онолку колку што е потребно за да се заштитат нашите права и интереси.
- Какви права имате и како можете да ги остварите?
За дополнителни информации за вашите права и нивното остварување, ве молиме прочитајте ја Политиката за приватност на следниот линк.