Во 2010 година, УСЈЕ го објави првиот извештај за Корпоративна општествена одговорност и одржлив развој. Оттогаш извештаите се објавуваат на редовна основа, сумирајќи ги најважните годишни финансиски и нефинансиски резултати и придонесот на компанијата во различни општествени сегменти.
На оваа страница може да ги погледнете извештаите од различни години.
ESG ИЗВЕШТАЈ 2023
Извештајот за 2023 година за резултатите во животната средина, придонес кон општеството и корпоративно управување на УСЈЕ, се однесува на периодот од 1 јануари до 31 декември 2023 година.
Извештајот е подготвен во насока на исполнување на барањата и очекувањата на засегнатите страни на УСЈЕ во однос на областите за заштита на животната средина, придонес кон општеството и корпоративно управување (ESG). УСЈЕ има постигнато усогласеност со пристапот и стандардите на Групацијата ТИТАН во врска со следење, известување и проверка на објавените податоци во Извештајот, а во однос на работењето и успешноста.
Почнувајќи од 2009 година, УСЈЕ доброволно се залага за објава на годишните резултати во животната средина, придонес кон општеството и корпоративно управување и за поврзување со материјалните прашања на засегнатите страни.