Како еден од најимпресивните футуристички објекти изграден во изминативе години во Скопје, телекомуникациската кула на Водно претставува централно армиран бетонски столб во висина од 155 метри, со можност за сместување четири конзолни платформи со површина од 180 до 200 метри квадратни. Предвиден е и челично решеткаст столб, а на врвот антена. Овој нов антенски систем е наменет за предавателите на македонските оператори и системот за контрола и мониторинг на радиофреквенциите. Дополнително, во кулата има предвидено административни простории, наменети за Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) и за Министерството за внатрешни работи (МВР), како и ротирачки ресторан со панорамски поглед на главниот град. Имајќи ја предвид важноста на овој објект, изведувачот – градежното претпријатие „Гранит“ од Скопје – ја избра Цементарница УСЈЕ за свој добавувач
користејќи претежно цемент тип CEM I 42,5 (1514 тони) и околу
130 тони цемент тип CEM II/A-V 42,5 R.