Цемент

Главен фокус на Цементарница УСЈЕ е производство на цемент. Ние сме врвен производител и снабдувач со висококвалитетен цемент во нашата држава и во околните земји. Овозможуваме решенија со високи перформанси за нашите клиенти, како што се градежни компании, инсталации за производство на готов бетон (бетонски бази), производители на префабрикувани производи од бетон и цементни производи и производители на сува мешавина од малтер и градежни изведувачи.

Фокусирани сме на испорака на цемент со додадена вредност, дизајниран соодветно на потребите на купувачите. Нашата цел е да бидеме прв избор и партнер за сите типови цементи.

Произведуваме рефус и пакуван цемент. Нашите цементи се класифицирани според нивните рани и крајни јачини, како и според нивниот состав. Нашиот портланд цемент е врзувачки материјал со висок квалитет и долготрајност. Ги задоволува сите применливи хемиски и физичко-механички барања и се користи во сите сфери на градежништвото, од градење домови, училишта, болници, до тунели и аеродроми. Нашиот сив портланд цемент е тип на цемент што се прави од мелен клинкер, гипс, летечка пепел и варовник.

Вистински цемент за секоја потреба.

CEM I 52,5 R

CEM I 52,5 R е чист портланд цемент со мал додаток на гипс (за регулација на времето на врзување) и до 5% други минерални додатоци. Се одликува со високи карактеристики на јачина (во рана и во доцна фаза), но и со релативно висока топлина на хидратација.

CEM II/A-V 42,5 R

CEM II/A-V 42,5 R е портланд цемент со додаток на пуцолани (силикатна летечка пепел, V). Се состои од 80%-94% клинкер, 6%-20% висококвалитетна летечка пепел, природен гипс (за регулација на почетокот на врзување) и до 5% други минорни минерални додатоци.

CEM II/B-V 42,5 R

Во насока на нашата посветеност на континуирано подобрување во областа на заштитата на животната средина и одржливиот развој, преку намалување на отпад и подобрување на енергетската ефикасност го развивме CEM II/B-V 42,5 R, кој во потполност ги следи карактеристиките на CEM II/B-V 42,5 R.

CEM IV/B (V-P) 42,5 N

Во насока на нашата посветеност на континуирано подобрување во областа на заштитата на животната средина и одржливиот развој, преку намалување на отпад и подобрување на енергетската ефикасност го развивме CEM II/B-M (V-L) 42,5 R, кој во потполност ги следи карактеристиките на CEM II/A-V 42,5 R.

MC 5 - УСЈЕМАЛ

„Усјемал“ е брендираното име на нашиот ѕидарски цемент MC-5, класа на цврстина 5 во согласност со стандардот MKC EN 413-1. Тоа е хидраулично врзивно средство со висок степен на пластичност и трајност.

CEM I 52,5 N и CEM II/B-LL 42,5 Ν

Светлата и јасна боја на белите цементи на ТИТАН ги прави идеални за употреба кога изгледот е од најголема важност. На пример, тие се користат за да се подготват бели или обоени малтери за фасадите на приватни резиденции и повеќекатни згради.