ПАКУВАН ЦЕМЕНТ ТИП CEM IV/B (V-P) 42,5 N

CEM IV/B (V-P) 42,5 N e пуцолански цемент со високо учество на летечка пепел ( V ) и природни пуцолани ( P ).
Содржината на клинкер е во границите на 45%-64%, додека останатите состојки воглавно се летечка пепел (V) и природни пуцолани (P). Што се однесува до јакосните карактеристики, намалената содржина на клинкер не го прави помалку вреден од останатите цементи. Ниското учество на клинкер многу ја намалува топлината на хидратација, а високото учество на минерални додатоци уште повеќе допринесуваат кон отпорноста на хемиски агресии. Напоменуваме дека овој цемент е „N“ класа, што означува дека брзината на развојот на цврстината (раните цврстини на 2 дена) е помала во споредба со оние од класата „R“.

Апликација на производот

Овој цемент може да се користи за изградба за објекти со нормални размери (згради со катност до 3, помали приземни индустриски објекти и сл.) за подготовка на бетони со најголема класа на цврстинја од C 25/30 и кадешто раните јакости на бетонот не се од големo значeње. Неговата главна примена се инфраструктурните објекти, за бетони изложени на хемиски агресии (третман на отпадни води, резервари за вода, канали за наводнување, и т.н.), за бетонски конструкции со големи пресеци (потпорни зидови, темели, темелони шипови или бунари), префабрикувани цевки и шахти, цементни кошулки и прекривки, масивни брани, бетонски коловози, за подготовка на зидарски малтери, разни патеки и т.н. Поради пониската температура на хидратација се препорачува да не се користи при ниски температури (амбиентална температура пониска од 0°C) особено за бетонирање на елементи со мали пресеци.

Изјава за својства

Нашите цементи се во согласност со МКС EN 197-1 хармонизиран европски стандард и подлежат на процедури за оцена и потврда на својствата од трета страна (овластено тело на ЕУ според Систем 1+ за проценка и верификација на постојаност на перформанси).
Декларацијата за перформанси за клучните атрибути на производот може да се најде тука.

Здравје и безбедност

Контактот со влажен цемент, влажен бетон, може да предизвика иритација, дерматитис или сериозни алкални изгореници. Контактот на цементна прашина со телесни течности (на пример, пот и влага на очите) може да предизвика иритација, дерматитис или изгореници. Тоа подразбира сериозен ризик од оштетување на очите. Носете соодветна, непропустлива заштитна облека, ракавици и заштита на очите/лицето. Во случај на контакт со очите, веднаш исплакнете со многу чиста вода и побарајте лекарска помош. По контакт со кожа, веднаш исплакнете со многу чиста вода. Се чува вон дофат на деца. Содржи хром (VI). Како дополнителна заштита се врши редукција на хромот со оксидациска состојба VI, чијашто концентрација не смее да биде поголема од 2ppm во пакуван цемент. Може да предизвика алергиски реакции, чиј ризик е поголем доколку цементот се користи надвор од датумот на употреба, наведен на пакувањето и во документите за испраќање.