Во насока на нашата посветеност на континуирано подобрување во областа на заштитата на животната средина и одржливиот развој, преку намалување на отпад и подобрување на енергетската ефикасност го развивме портланд композитниот цемент CEM II/B-M (V-L) 42,5 R. Покрај класта на јакост од 42,5 MPa цементот припаѓа на класата со високи рани јакости (R). Овој тип на цемент е соодветна замена за цементот CEM II/B-V 42,5 R. Присуството на силикатна летечка пепел (V) и чист варовник (L) позитивно влијае на обработливоста на бетоните и нивната истрајност кон надворешните влијанија. Овој еко-цемент истовремено позитивно влијае врз глобалната емисија на CO2 преку намалување на содржината на клинкер и зголемената употреба на летечка пепел со висок квалитет.

Апликација на производот
Овој цемент има широка примена при изведба на стандардни објекти од секаква намена (инфраструктура, индустрија, домување итн.), како за армирано-бетонски така и за масивни бетонски конструкции. Погоните за производство на готов бетон се најголемите корисници на овој цемент за класи на бетони со цврстина до C 40/50. Избалансираните карактеристики (цврстина, време на врзување, топлина при хидратација) го прават овој цемент применлив за секакви поднебја и класи на агресивна изложеност. Сите класични адитиви за бетон (ретардери, пластификатори и сл.) може да се користат со нашиот CEM II/B-M (V-L) 42,5 R.

Изјава за својства и CE-означување
Нашите цементи се во согласност со МКС EN 197-1 хармонизиран европски стандард и подлежат на процедури за оцена и потврда на својствата од трета страна (овластено тело на ЕУ според Систем 1+ за проценка и верификација на постојаност на перформанси).
Декларацијата за перформанси за клучните атрибути на производот и СЕ-ознака може да се најде тука.
CE-ознаката се става на пакувањето и/или на документите за испраќање во согласност со Регулативата за градежни производи.

Здравје и безбедност
Контактот со влажен цемент, влажен бетон, може да предизвика иритација, дерматитис или сериозни алкални изгореници. Контактот на цементна прашина со телесни течности (на пример, пот и влага на очите) може да предизвика иритација, дерматитис или изгореници. Тоа подразбира сериозен ризик од оштетување на очите. Носете соодветна, непропустлива заштитна облека, ракавици и заштита на очите/лицето. Во случај на контакт со очите, веднаш исплакнете со многу чиста вода и побарајте лекарска помош. По контакт со кожа, веднаш исплакнете со многу чиста вода. Се чува вон дофат на деца. Содржи хром (VI). Може да предизвика алергиски реакции, чиј ризик е поголем доколку цементот се користи надвор од датумот на употреба, наведен во документите за испраќање.