CEM I 52,5 R е чист портланд цемент со мал додаток на гипс (за регулација на времето на врзување) и до 5% други минерални додатоци. Се одликува со високи карактеристики на јачина (во рана и во доцна фаза), но и со релативно висока топлина на хидратација. Повисоката температура што се ослободува при хидратацијата е поволна при услови на бетонирање на ниски температури и го намалува ризикот од замрзнување на свежиот бетон.
Карактеристики и придобивки:
- Во комбинација со различни адитиви може да се користи во производство на бетони со широк опсег на апликации.
- Конзистентност и константна сигурност во градежништвото.
- Има постојаност на неговата боја и е идеален за архитектонски зданија, кои се на постојана визуелна експозиција.
Апликација на производот
Овoј тип портланд цемент се користи главно во апликации на префабрикуван и готов бетон, како и во суви мешавини со хидраулични својства. Идеален е за употреба во префабрикувани елементи, пренапрегнат бетон итн. Сите класични адитиви за бетон (ретардери, пластификатори и сл.) може да се користат со нашиот CEM I 52,5 R.
Изјава за својства и CE-означување
Нашите цементи се во согласност со МКС EN 197-1 хармонизиран европски стандард и подлежат на процедури за оцена и потврда на својствата од трета страна (овластено тело на ЕУ според Систем 1+ за проценка и верификација на постојаност на перформанси).Декларацијата за перформанси за клучните атрибути на производот и СЕ-ознака може да се најде тука.
CE-ознаката се става на пакувањето и на документите за испраќање во согласност со Регулативата за градежни производи.
Здравје и безбедност
Контактот со влажен цемент, влажен бетон, може да предизвика иритација, дерматитис или сериозни алкални изгореници. Контактот на цементна прашина со телесни течности (на пример, пот и влага на очите) може да предизвика иритација, дерматитис или изгореници. Тоа подразбира сериозен ризик од оштетување на очите. Носете соодветна, непропустлива заштитна облека, ракавици и заштита на очите/лицето. Во случај на контакт со очите, веднаш исплакнете со многу чиста вода и побарајте лекарска помош. По контакт со кожа, веднаш исплакнете со многу чиста вода. Се чува вон дофат на деца. Содржи хром (VI). Како дополнителна заштита се врши редукција на хромот со оксидациска состојба VI, чијашто концентрација не смее да биде поголема од 2ppm во пакуван цемент. Може да предизвика алергиски реакции, чиј ризик е поголем доколку цементот се користи надвор од датумот на употреба, наведен на пакувањето и во документите за испраќање.