Секој наш клиент при порачка на готов бетон треба да ги достави следниве основни информации:
- Барана марка на бетон според проектот
- Обработливост (СЛАМП)
- Максимално зрно на агрегатот
- Каков конструктивен елемент ќе се бетонира (плоча, столбови...)
- Класата на изложеност на бетонот, односно во каква средина бетонот ќе биде вграден, сува, влажна, променлива, хемиски агресивна
Дополнителни информации што треба да ги достави се:
- Место и време на испорака
- Динамика на испорака
- Приближно точни количини на бетонот што треба да се вгради
Доколку има некои нејаснотии во врска со бетонот или дополнителни барања, клиентот треба да го консултира самиот добавувач, со цел да бидат разјаснети сите нејаснотии пред самото отпочнување со бетонирање.
Потребни подготовки пред почнување со бетонирање:
- Поставување и соодветно прицврстување на оплата
- Поставување и проверка на арматурата
- Поставување и проверка на целокупната инсталација, струја, водовод, вентилација
- Обезбедување безбеден и непречен пристап до градилиштето
- Обезбедување опрема за вибрирање и за порамнување на вградениот бетон
При испорака на бетонот на градилиште:
- Точна локација треба да им биде посочена на транспортерите и пумпата за готов бетон. Ова е сѐ со цел безбеден пристап до локацијата и овозможување непречено вградување на бетонот
- Динамиката на испорака да биде во согласност со динамиката на вградување, камионите да не чекаат, бидејќи колку повеќе чекаат, толку повеќе својствата на бетонот се губат, посебно обработливоста на бетонот
- Треба да се земе предвид дистанцата и густината на сообраќај до местото на испорака
- Доколку има застој, камионите не треба да чекаат директно изложени на сонце
- Додека не се истовари камионот, потребно е постојано ротирање на бурето, поинтензивно пред истоварот на самиот бетон
При пристигнување на бетонот на градилиште, потребно е:
- Проверка на испратницата - дали бетонот е во согласност со нарачката. Поточно, дали точната спецификација од нарачката е во согласност со издадениот документ.
- Строго се забранува самоволно додавање вода или адитиви во бетонот
- Доколку бетонот ја има изгубено пластичноста односно обработливоста, треба да се додаде мала количина на адитив и вода според препораките на одговорните лица на продавачот (производител). Додадената количина се евидентира во самиот документ (испратница) и се зема проба од таа мешавина во присуство на одговорно лице на производителот.
- (се повторува)
Проверка на бетонот
- Проверката на бетонот на градилиште е обврска на самиот клиент (надзор, изведувач).
- Проверката на бетонот, всушност, значи проверка на сообразност. Сето тоа објаснува дека перформансите на бетонот што се барани, ќе бидат тестирани во согласност со договорените правила што се потпишани.
- Во случај да се испитува јакост на притисок, најмалку шест бетонски коцки треба да бидат подготвени, притоа треба да се земе предвид доколку има различни типови бетон. Исто така, треба да се земе предвид количината на бетон што се вградува. Овие шест примероци треба да бидат по три пара на земени примероци. Тие се испитуваат на 28 дена старост, меѓутоа доколку постои договор со производителот, може да се испитуваат и порано од веќе предвидените 28 дена.
- Следејќи ги претходните индикации во врска со земањето примероци од бетон, подготовка на примероците и нивното зреење. При земањето проба, се чека најпрво 0,3м3 бетон да бидат испразнети од камионот миксер пред да се земе проба од самиот бетон. Откако ќе се земе пробата, најпрво се испитува конзистенцијата (сламп).
- Добавувачот на бетон треба да биде вклучен во постапката на земање проби коишто треба да бидат транспарентни за сите заинтересирани страни.
- Многу е важно бетонските коцки да бидат раскалапени и правилно зреени, започнувајќи максимум два дена од нивната подготовка.
- Кога се подготвуваат коцките, потребно е правилно вибрирање или мануелно набивање за да се постигне максимална густина (редукција на пори). Треба да се внимава да нема преголемо вибрирање, бидејќи може да настане сегрегација (раслојување) во самиот калап
- Јакоста на 28 дена во голема мера зависи од условите на зреење на коцките во првите денови. По првите два дена коцките треба да се чуваат под влажен песок или да бидат заштитени со најлонска прекривка.
- Доколку условите на зреење не се поволни на самото градилиште, примероците треба да се однесат до лабораторијата што ќе го изведе тестирањето. Како алтернатива, треба да се преземат сите потребни мерки за да има соодветни услови на зреење на коцките на самиот објект.
- Примероци се земаат секогаш кога има нова испорака на свеж бетон. Земените примероци треба да кореспондираат со големиот број хомогени бетонски мешавини.
Вградување на бетонот
- Откако ќе се направат сите претходно споменати проверки, следува фаза на вградување на бетонот во оплатата.
- Пред да се почне со вградување, бурето од миксерот-камион треба да врти интензивно најмалку три минути.
- Не се додава вода при процесот на вградување бидејќи водата значително ја редуцира јакоста на притисок на бетонот. Додавањето вода може да влијае неповолно и врз зголемување на сегрегацијата на самиот бетон.
- Вградувањето на бетонот не се прави со негово слободно паѓање со цел да се избегне појава на „саќе“ (агрегат што не е доволно обложен со цементна паста) и појава на воздушни меури.
- За да има висок квалитет на работење, бетонот треба правилно да се вибрира и набива (компактира). Притоа вибраторите и набивачите на бетонот треба правилно да се користат.
- Главна цел на компактирањето е да се ослободи воздухот од бетонот како би постигнале негова максимална густина (минимум пори).
- Додека се вибрира бетонот, иглата од вибраторот не смее да го турка бетонот напред бидејќи на тој начин може да дојде до раслојување на бетонот (сегрегација) и „крвавење“, излегување на водата на површина на бетонот заедно со ситните честички од цементот.
- Вградувањето на бетонот во самата оплата треба да се одвива во неколку слоеви не поголеми од 30 см, движењето на бетонот од црево или корпа треба да биде напред-назад, слој по слој.
- Кога се бетонираат структурни елементи потенки од 50 см, бетонот се нанесува во еден слој.
- Вибраторот се поставува вертикално и притоа треба да се избегнува контакт со арматурата и со оплатата.
- Кога се компактира нов слој на бетон, вибраторот треба да навлезе и во претходно вградениот слој. На овој начин се избегнува ладна врска и се обезбедува монолитно однесување на целокупниот бетон.
- Влијанието на иглата за вибрирање е на дијаметар од 5 игли и затоа е препорачливо поставување на иглата од вибраторот при вибрирањето на растојание од 7,5 игли.
- Времетраењето на вибрациите треба да биде сѐ додека вишокот на воздух не се истисне од бетонот и тој не ја добие максималната густина.
- Времетраењето на вибрирањето треба да биде во зависност од класата на конзистенција. Колку помала конзистенција, толку подолго време на вибрирање. Па така, при класа S1 времетраењето на вибрациите ќе биде 25-30 секунди, како се зголемува класата така должината на вибрации се намалува за 5 секунди. При класа S4 вибрирањето ќе трае 10-15 секунди.
- Ефикасноста на набивање на бетонот (компактирање) се намалува доколку времетраењето е пократко од пропишаното или доколку поставувањето на иглата од вибраторот е на поголемо растојание од потребното.
- Секоја дополнителна количина на заробен воздух што е повеќе од минимално дозволената, ќе рефлектира во намалување на јакосните карактеристики на бетонот.
- Бетоните со висока конзистенција овозможуваат процесот на компактирање помалку да зависи и од времетраењето на компактирање како и од растојанието помеѓу две последователни компактирања.
- Доколку времетраењето на набивањето на бетонот e предолго, во тој случај можно е да се појави раслојување (сегрегација) на бетонот и „крвавење“ односно испливување на вода и на најфините честички на површина.
- Исто така, набивањето на бетонот може да се изврши и со вибрирачки оплати. Ова е многу честа ситуација кога имаме голема густина на арматура, како што се пренапрегнатите бетонски елементи. Во овој случај вибрациите треба да бидат краткотрајни и почесто повторувани за да нема појава на раслојување или „крвавење“.
По вградување на бетонот
- Откако бетонот ќе биде вграден во оплатата, следуваат неколку фази пред бетонот да ги добие конечните физичко-механички карактеристики.
- До моментот на тргање на оплатата, бетонот треба во голема мера да е „созреан“. Овој процес се одвива поинтензивно или со помал интензитет во зависност од надворешните услови, температура, влага и ветер.
- Додека водата испарува, можна е појава на пукнатини од пластично собирање, притоа овој феномен мора да се спречи.
- За да се спречи неконтролирано сушење (зреење) на бетонот, се предлагаат следниве препораки:
- Одложување на отстранувањето на оплатата што е можно подолго.
- Обилно прскање со вода на новите бетонски елементи што се изложени на воздух.
- По извршеното навлажнување на бетонот, се препорачува да се користи пластична прекривка (најлон). Не смее да се користи ткаенина за прекривање.
- Во зависност од јакосните карактеристики на бетонот (класи), негувањето на бетонот треба да продолжи 3-7 дена откако ќе се тргне оплатата. Повисоки јакосни карактеристики значи пократко време на негување.
Бетонирање во студено време
- Бетонот е многу сензитивен на ладно време, всушност на минусни температури бетонските мешавини се подложни на негативни влијанија од аспект на врзување на бетонот (бавно врзува) и дополнително може да има последици во крајните јaкосни карарактеристики.
- Ако бетонот се вградува на температури пониски од 5 0C, постои можност од појава на сериозни проблеми што негативно ќе влијаат врз крајните јакости на вградениот бетон.
- Постојано се користи термометар за мерење на температурата на свежиот бетон.
- Кога се бетонира на температура под 5 0C, секогаш треба да се запамети дека температурата на бетонот треба да остане над 10-11 0
- Минималната температура измерена за време на ноќта вообичаено треба да биде запишана во документот за испорака. Ова е битно за да биде свесен изведувачот за ризиците и кои превентивни мерки би можеле да се преземат.
- Работите во принцип треба да бидат организирани во дел од денот кога температурата е повисока. Притоа температурата на бетонот претходно ќе порасне и ќе биде доволно висока за да се преброди студената ноќ.
- Треба да се избегнува бетонирање доцна попладне и во ноќни часови. Ноќните минусни температури можно е значително да влијаат врз квалитетот на бетонот.
- Заштита на вградениот бетон е задолжителна препорака. Заштитата треба да биде со пластични (најлон) или полиетиленски прекривки во комбинација со термичка изолација. Таа треба да биде најмалку 3-7 дена.
- Демонтажата на оплатата треба да се одложи. Исто така и оплатата треба да биде заштитена од ладното време. Докажано е дека доколку оплатата е замрзната, може да предизвика неколку дефекти на површината од бетонот, вклучувајќи и пониски марки на бетонот.
- Доколку на оплатата и на арматурата има налепено мраз и снег, потребно е убаво и темелно да се исчисти пред вградувањето на бетонот.
- Исто така доколку на оплатата има останато вода, треба убаво да се исчисти.
- Се препорачува во студен период повисока класа на бетон од онаа која е предвидена во проектот. Ова е за да се постигнат повисоки марки за пократко време и да се анулираат сите аномалии што би можеле да настанат од студеното време.
Бетонирање во топло време
- Топлото време исто така може многу негативно да влијае врз бетонот.
- Главен проблем е топлиот и сув воздух што предизвикува нагло губење вода од површината на произведениот бетон. Испарувањето на водата се случува поради разлика во содржината на влага помеѓу свежиот бетон и околината (амбиенталниот воздух). Интензитетот на испарување зависи од изложеноста на сончеви зраци на свежиот бетон, а исто така и ветерот може многукратно да го зголеми интензитетот на испарување на влагата.
- Брзото сушење на бетонот предизвикува бетонот пребрзо да се собира, со што значително се зголемува можноста од појава на рани пукнатини во бетонот и намалување на јакосните карактеристики.
- Бетонските елементи треба да се заштитат од директно влијание на амбиенталниот воздух!
- Елементи што се повеќе подложни на негативно влијание од топлото време се оние што се одликуваат со поголема површина, а тоа се плочи, темели и пешачки патеки.
- Во топло време е потребно бетонот да се вгради во што е можно пократок период, со користење пумпа.
- Ова се мерки што треба да се преземат при бетонирање во топло време:
- Прскање вода на самата површина од вградениот бетон, притоа треба да се избегнува млазот од вода да не оди директно на самиот бетон, туку да се распрскува во поситни капки.
- Да се користат пластични прекривки (најлон).
- Да се користат неволнени прекривки и тие постојано да се одржуваат влажни.
- Може да се користат и додатоци за зреење на бетонот, тие формираат непропустлив слој што спречува бетонот да се суши.
- Погоре споменатите процедури за заштита треба да се применуваат во текот на 3-7 дена од тргањето на оплатата.