Марио Брачи
ПРЕТСЕДАТЕЛ
Неизвршен член
Марио Брачи студирал машинско инженерство на Универзитетот во Фиренца (BSc, MSc), а ги има завршено и Извршната програма на Државниот Универзитет во Пенсилванија, како и Програмата за развој на управување (MDP) на Хардвардската Бизнис школа. Марио има силна индустриска позадина, со повеќе од 30 години во дејноста производство на цемент, со што се стекнува со глобално искуство, разновидна мулти-културна позадина и познавање на мегународните пазари. Тој управувал со бизниси во Италија, САД, Швајцарија, Тајланд, Мароко и Албанија. Марио течно зборува италијански, англиски, шпански и француски јазик.
Константинос Николаоу
Извршен директор, Главен извршен директор
Константинос Николаоу дипломирал на Универзитетот Аристотел во Солун, каде се има стекнато и со титулата Магистер по мажинско инженерство. Воедно, Константинос поседува и магистратура за управување во научни и процесни истражувања стекната на Бизнис школата во Ворвик, Велика Британија. Своето знаење и вештини ги има надградено преку посета на бројни семинари и обуки како на пример STEP програмата на Хардвардската Бизнис школа, Обука за Менаџери на АЛБА Универзитетот итн.
Константинос е дел од Групацијата ТИТАН од 2004 година, каде го градел своето професионално искуство на повеќе позиции. Започнал како Инженер за производство во Цементарницата во Солун, напредувајќи до Менаџер за производство до 2012та година. Од 2012та година до 2018та година бил Менаџер на фабриките во Златна Панега Р. Бугарија и во Флорида, САД. Пред доаѓањето во Цементарница УСЈЕ, 6 години успешно ја водел цементарницата во Солун како Менаџер. Константинос течно говори англиски јазик.
Лукас Петкидис
Независен, Неизвршен член
Лукас Петкидис дипломирал Економски науки на Атинскиот универзитет, а се стекнал со титула Магистер на науки во опеаритвно истражување (MSc) по завршување на Лондонската школа за економија. Неговото работно искуство вклучува високи менаџерски позиции во повеќе компании, а од 2011 година се придружува на Групацијата ТИТАН каде во моментот е на позицијата Заменик Групациски главен финансиски директор (CFO) и Регионален Финансиски директор за Југоисточна Европа и Источен Медитеран.
Григориос Дикаиос
Независен, Неизвршен член
Григориос Дикаиос студирал економија на Универзитетот во Атина и финансии на Универзитетот во Синсинати (MBA). Пред да се вклучи во Групацијата ТИТАН, Григориос поминал 10тина години во CITIBANK N.A. Од 1996та година се до 2019та година го гради своето богато искуство најнапред во TITAN CEMENT COMPANY S.A. а од 2019та година па наваму извршува функција CFO & Corporate Treasury Director во TITAN CEMENT INTERNATIONAL SA.
Мирослав Глигоријевиќ
Неизвршен член
Мирослав Глигоријевиќ е Магистер по машински науки, а своето образование го завршил при Универзитетот во Белград. Речиси целото свое работно искуство го стекнува во Групацијата ТИТАН, од почетоците во Цементара Косјериќ во далечната 1995та година како машински инженер, а од 2000та година на позицијата Генерален директор. Неговото искуство и знаење се поткрепени со значајни семинари и обуки од релевантни области. Мирослав говори англиски и руски јазик.
Борис Хрисафов
Неизвршен член
Борис Хрисафов е дипломиран електро инженер, насока информатика, на Електротехничкиот факултет при Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје, а во 2012 ја зарши Извршната МБА Програма на International Hellenic University во Солун. Борис има посетено бројни специјализации и обуки од различни области, збогатувајќи ги своето знаење и искуство. Борис Хрисафов е вработен во Цементарница УСЈЕ АД Скопје од 1988 година, кога започнал како Аналитичар/Програмер во АОП Службата, а низ годините има извршувано повеќе раководни позиции во компанијата. Од 2011та година е на позицијата Главен извршен директор на Цементарница УСЈЕ АД Скопје. Борис течно говори англиски јазик.