Системи на управување

Интегрираниот систем за управување (Integrated Management System - IMS) на Цементарница УСЈЕ
ги обединува потребните методи и алатки за исполнување на барањата во голем број области -
вклучувајќи ги и квалитетот, здравјето и безбедноста при работа, животната средина, како и
енергијата - во рамките на единствена структура. Системот на тој начин ни помага во контролата и
во управувањето со нашите вредности ориентирани кон корпоративно лидерство и истовремено
осигурувајќи исполнување на барањата на нашите клиенти во однос на производите и услугите.

IMS на Цементарница УСЈЕ е процесно ориентиран. Интегрираниот Прирачник за управување (како
дел од IMS) има за цел да го претстави системот, а особено функционалноста на процесите
насочена кон барањата на нашите клиенти. Тој го опишува интегрираниот систем за управување со
квалитет, здравје и безбедност при работа, животната средина и енергијата во рамките на
Цементарница УСЈЕ.

Одржувањето на системите е овозможено преку секојдневно следење и почитување на
пропишаните процедури, редовните внатрешни и надворешни ревизии за проверка на
усогласеноста со стандардите. Внатрешните ревизии се изведуваат од вработени во компанијата
што поседуваат сертификати за внатрешен проверувач за соодветен стандард. Надворешните
ревизии се изведуваат од сертификациско тело.

2003

Првите подготовки за сертификација во согласност со системот
ISO 9001:2000 во Цементарница УСЈЕ се почнати во 2003 година,
а првата сертификацијата е завршена во 2004 година.

2005

Во 2005 година се почнати првите подготовки за сертификација на системот
ISO 14001:2004, за да биде воведен и сертифициран во 2006 година.

2010

Нешто подоцна во 2010 година се почнати подготовките за сертификација во
согласност со системот OHSAS 18001:2007, за да биде сертифициран во
текот на 2011 година.

2018

Системот за квалитет и Системот за животна средина во 2018 година беа
интегрирани во согласност со новите стандарди ISO 9001:2015 и ISO 14001:2015.

2020

Во 2020 година е направена комплетна интеграција на системот, кој ги
вклучува четирите системи: ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, ISO 45001:2018
и ISO 50001:2018.