УСЈЕ е компанија посветена на градење силни и долготрајни односи со клиентите и добавувачите, засновани на доверба и заемен развој. Создаваме вредност за локалната заедница, добавувачите и клиентите преку јакнење на нашите основни вредности, примена на етички деловни практики, отворена и континуирана комуникација со сите засегнати страни и решавање на нивните најважни проблеми.
Вреднување на клиентите
И покрај нашето значително присуство на пазарот, остануваме фокусирани на еден од нашите основни приоритети: да ги слушаме и да останеме блиски со клиентите. Нашите континуирани напори да ги идентификуваме нивните потреби и барања и да им покажеме почит и благодарност, се демонстрирани преку редовните посети од нашите продажни тимови. Преку оваа директна врска се обидовме да им обезбедиме најдобра техничка поддршка и консултации во врска со производите, услугите, конкретниот процес на производство, оптимизацијата на рецептурите за цемент и пренос на нашето долгогодишно практично знаење и експертиза.
За да постигнеме извонредност во резултатите во сите области, континуирано работиме на подобрување на услугите за клиентите. Во таа насока е и автоматизацијата на продажниот процес и услугите. Развивме доволно флексибилен систем за да ги задоволиме различните видови нарачки, овозможувајќи лесно и брзо товарење, намалување на просечното време на чекање, прецизно фактурирање итн.
Одговорен синџир за набавка
Нашиот синџир за набавки се состои од различни деловни партнери, кои ни обезбедуваат услуги (како изведувачи) и производи (како добавувачи). Ние главно ги користиме локалните изведувачи за одржување машини и операции, кои во голема мера се капитално интензивни активности, како и за чистење и угостителски услуги како трудоинтензивни активности. Ова придонесува за заедницата во која работиме, создавајќи локални работни места, иако ние и централно, преку меѓународни добавувачи, обезбедуваме потребни производи какви што се горива, технологија и машини.
Нашиот прирачник за набавки и Кодексот на однесување вклучуваат одредби против поткуп и етички постапки во набавките, кои нашите луѓе ги следат. Договорите со нашите добавувачи и изведувачи вклучуваат клаузули поврзани со обврската на изведувачите да ги почитуваат здравствените и безбедносните, работните и човековите права и стандардите и прописите за животната средина, за што и потпишуваат декларација.
Општите прописи и услови се достапни на следниов линк.
Системот за управување со изведувачите на УСЈЕ, обезбедува безбедно работење и однесување на изведувачите во нашата околина.