Добре дојдовте на веб-страницата www.usje.mk (во понатамошниот текст: веб-страницата) на Цементарница УСЈЕ АД Скопје (во понатамошниот текст: Компанијата). Оваа страница (вклучително со Политиката за приватност и Политиката за колачиња ) ви ги прикажува условите под кои можете да ја користите оваа веб-страница (Правила на користење). Ве молиме внимателно прочитајте ја содржината на Правилата на користење, кои се однесуваат на користењето на оваа веб-страница. Користењето на веб-страницата подразбира безусловно и неограничено прифаќање на важечките Правила на користење. Доколку не се согласувате безусловно и неограничено со овие Правила на користење, ве молиме немојте да ги користите услугите и содржините на веб-страницата. За сите прашања во врска со веб-страницата и со Правилата на користење, ве молиме контактирајте ја Компанијата на следната адреса: ул. „Борис Трајковски“ бр. 94, 1000 Скопје, Република Северна Македонија.
ПРИСТАП ДО ВЕБ-СТРАНИЦАТА
Пристапот до веб-страницата е привремено достапен на корисниците, а Компанијата го задржува правото во секое време да ја повлече или да ја измени услугата обезбедена од веб-страницата без претходно известување (види подолу). Вие сте одговорни за преземање на сите потребни дејства, со цел пристапување кон веб-страницата. Вие, исто така, сте одговорни да се осигурите дека сите лица што пристапуваат кон веб-страницата преку вашата интернет-конекција, се запознаени со овие Правила на користење и дека ќе се придржуваат кон нив.
Повремено, Компанијата може да го ограничи пристапот до целата веб-страница или до одредени делови, или целосно да го укине на неопределено време. Компанијата го задржува правото привремено да го прекине работењето на веб-страницата поради ажурирање на содржината и надоградување, подобрување на софтверот или подобрување на безбедносните функции на веб-страницата.
Компанијата има право да го забрани и/или прекине преносот на веб-страницата до кој било корисник, доколку според разумната проценка на Компанијата, корисникот ги прекршил Правилата на користење и/или законот, или ако пристапот на таквиот корисник може да ја загрози Компанијата и/или корисникот и/или која било трета страна.
Како услов за пристап до веб-страницата и нејзино користење, вие ѝ гарантирате на Компанијата дека нема да ја користите оваа веб-страница на начин што би претставувал непочитување на овие Правила на користење или на начин што може да предизвика граѓанска одговорност, да претставува или да поттикне однесување што ќе се смета за кривично дело, или на кој било друг начин ќе биде во спротивност со законите.
АВТОРСКИ ПРАВА И ПРАВА ОД ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ
Сите авторски права и права од интелектуална сопственост во целата содржина на веб-страницата, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на: текстови, графики, слики, логоа, фотографии, цртежи, видеа итн. (во понатамошниот текст: Содржината) ѝ припаѓаат на Компанијата и се предмет на заштита во согласност со применливото национално и меѓународно законодавство, или се вклучени/поставени на веб-страницата со дозвола од сопственикот.
Содржината на веб-страницата им е достапна на посетителите/корисниците за лична употреба и таа може да се промени без претходно известување. Користењето на содржината на веб-страницата, освен онака како што е предвидено во Правилата на користење, без писмена дозвола од сопственикот на содржината е строго забрането. Компанијата максимално ќе ги штити сите свои авторски права и права од интелектуална сопственост во законските рамките, вклучително и барање за кривична одговорност.
По прифаќањето на Правилата за користење, можете да ја симнувате содржината, но исклучиво за информативна, некомерцијална и непрофитна лична употреба и под услов да не отстранувате, менувате или прикривате која било информација, содржина или известување (какви што се авторски права, права од интелектуална сопственост и други известувања за сопственост) вклучени во содржината.
Сите фотографии што би можело да се симнат од Медиумската библиотека на веб-страницата се достапни исклучиво за комуникациски цели на Компанијата. Нивната комерцијална употреба не е дозволена, бидејќи нивното авторско право може да припаѓа на трети лица. Доколку одберете фотографија чијашто употреба ве упатува кон спомнување на фотографот, должни сте да го наведете неговото име при секое нејзино објавување.
Сите други производи или услуги што се споменати на веб-страницата, кои носат логоа на организации, компании, партнерски тела, асоцијации или публикации, претставуваат интелектуална или индустриска сопственост на тие ентитети и оттука, соодветната одговорност им припаѓа ним.
Имајте предвид дека мора да ги обезбедите сите потребни лиценци и права на користење од сопственикот на какви било права поврзани со содржината што сакате да ја поставите преку веб-страницата.
Не можете да дистрибуирате, менувате, копирате (освен како што е наведено погоре), емитувате, прикажувате, преработувате, репродуцирате, објавувате, лиценцирате, создавате изведени дела, пренесувате, продавате или на друг начин да ја користите содржината на веб-страницата без претходно писмено одобрение од Компанијата.
ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Личните податоци (на пример, име и презиме, адреса, телефонски број или имејл-адреса) кои ги пренесувате на веб-страницата преку електронска порака или на друг начин, ќе бидат обработувани во согласност со Политиката за приватност. Секоја друга комуникација или материјал што ќе го пренесете до веб-страницата, како, на пример, прашања, коментари, предлози, нема да се третира како деловна и доверлива информација.
ИЗМЕНИ НА ВЕБ-СТРАНИЦАТА И НА ПРАВИЛАТА ЗА КОРИСТЕЊЕ
Компанијата го задржува правото да ги измени податоците и информациите содржани на веб-страницата и Правилата за користење без претходно известување, а особено заради усогласување со сите нови применливи закони и/или регулативи и/или подобрување/надоградување на веб-страницата.
ИСКЛУЧУВАЊЕ ОД ОДГОВОРНОСТ
Содржината на веб-страницата е изработена на „како што е“ основа без гаранција, изречна или имплицирана, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на гаранции за соодветност, за погодност за одредена намена, за трговска размена, за целосност, за точност, за актуелност или за непрекршување.
Содржината на веб-страницата може да содржи недоследности или печатни грешки. Повремено, на оваа веб-страница може да се направат измени во кое било време и без претходно известување. Сепак, Компанијата не презема обврска за редовно ажурирање на податоците содржани на веб-страницата. Компанијата не гарантира дека работењето на веб-страницата ќе биде непрекинато и/или без грешки; ниту дека дефектите и грешките ќе се коригираат повремено; ниту дека функционирањето на веб-страницата е компатибилно со вашиот компјутер, хардвер и софтвер; ниту дека веб-страницата ќе биде безбедна; ниту дека серверот што ја обезбедува веб-страницата нема вируси или друг малициозен софтвер.
Ние не гарантираме дека веб-страниците, сервисите, опциите и содржината ќе бидат овозможени без прекин и без грешка, ниту дека грешките ќе бидат исправени, ниту дека сите поднесени прашања ќе бидат одговорени. Дополнително, не гарантираме дека веб-страницата или која било друга поврзана веб-страница/сервер преку кои е овозможено содржината да им биде достапна на посетителите/корисниците, ќе бидат без вируси или други штетни елементи. Трошоците за каква било поправка или услуга ќе ги сноси посетителот/корисникот и во ниту еден случај не можат да бидат на товар на Компанијата.
Компанијата нема да биде одговорна за какви било оштетувања (позитивни, негативни, последователни, инцидентни, договорни и сл.) кои би произлегле од неможноста за пристап на корисниците до веб-страницата; целосен или делумен прекин; доцнење; неисполнување; прекин или слаб прием на услуги или губење на содржината и постоење каква било грешка. Во секој случај, Компанијата го задржува правото во кое било време, привремено или трајно да го прекине работењето на целата или на дел од веб-страницата заради одржување или надградување или од која било друга причина.
Не треба да се потпирате на информациите, советите и мислењата изразени на оваа веб-страница за вашите лични, правни, финансиски или други одлуки. Ве молиме советувајте се со соодветно професионално лице за конкретни упатства приспособени за вашата ситуација.
Ниту Компанијата, ниту нејзините фирми-ќерки, поврзани лица, офицери, директори, советници, агенти или кои било трети лица вклучени во создавањето, изработката и испораката на веб-страницата, нема да бидат одговорни за каква било директна, индиректна, посебна, последователна, случајна или која било друга штета што би произлегла, или би била поврзана со користењето на веб-страницата и нејзината содржина, без оглед дали е врз основа на договор, прекршок (вклучително и небрежност), целосна одговорност или на кој било друг начин.
ВИРУСИ, ХАКЕРСКИ НАПАДИ И ДРУГИ ПОВРЕДИ
Не смеете да ја злоупотребувате нашата веб-страница со свесно вметнување вируси, тројанци, црви, логички бомби или друг материјал што е малициозен или технички штетен. Не смеете да се обидете да стекнете неовластен пристап до нашата веб-страница, серверот на кој е зачувана веб-страницата или до кој било сервер, компјутер или база на податоци што се поврзани со нашата веб-страница. Не смеете да ја нападнете нашата веб-страница на кој било начин, индикативно, преку DoS или DDoS напад. Секој од горенаведените акти може да се смета за кривично дело според важечките закони и да се гони соодветно.
Ние нема да бидеме одговорни за каква било загуба или штета причинета од DDoS напад, вируси или други технички штетни материјали што би можело да ја заразат вашата компјутерска опрема, компјутерски програми, податоци или друг сопствен материјал како последица од користењето на веб-страницата или поради преземање на кој било објавен материјал од веб-страницата, или на која било друга поврзана веб-страница. Во согласност со добрата компјутерска практика, препорачуваме да ги проверите сите материјали и/или содржини до кои пристапувате и/или ги симнувате од оваа веб-страница, преку користење комерцијално достапен, ажуриран софтвер за проверка на вируси.
ВРСКИ (ЛИНКОВИ) ДО ТРЕТИ ВЕБ-СТРАНИЦИ
Веб-страницата може да содржи линкови до веб-страници што се во сопственост на или управувани од други лица, а не од Компанијата. Ваквите линкови се овозможени само поради ваша погодност. Компанијата не го контролира и не е одговорна за работењето, содржината, политиките за приватност или безбедноста на овие веб-страници. Доколку воспоставите врска со такви страни или веб-страници, тоа го правите на ваш ризик. Компанијата не ја поддржува содржината ниту производите или услугите што се достапни на тие страници.
ПРИМЕНЛИВО ПРАВО И НАДЛЕЖНОСТ
Горенаведените Правила на користење и сите измени и дополнувања се предмет на македонското законодавство. Секој спор што би произлегол од користењето на веб-страницата ќе се решава исклучиво пред надлежните судови во Република Северна Македонија.
Ако за кој било дел од Правилата на користење се утврди дека е невалиден или неприменлив според применливото право, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на ограничувањата на гаранциите и одговорноста погоре, во тој случај невалидната или неприменливата одредба ќе се смета за заменета со валидна, применлива одредба, која најблизу одговара со намерата на првичната одредба, а остатокот од Правилата на користење ќе продолжи да важи.
Печатена верзија од оваа страница или од овие Правила на користење и секое известување дадено во електронска форма, ќе се смета за прифатливо во судска или во управна постапка.